Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Кило кокаин во магацин полн со банани

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Кило кокаин во магацин полн со банани

МВР објави фотографии од запленетиот килограм кокаин во скопското село Крушопек по истрага во во координација со Јавно обвинителство и со царинските служби. Кокаинот беше пронајден меѓу пратките со банани во магацинот на „Банекс Компани“ ДООЕЛ.

При извршениот детален претрес на магацинот и камионот со кој се превезувале банани во еден од пакетите било пронајдено едно правоаголно пакување со непозната бела прашкаста материја – кокаин кое било облепено со зелена трака. Истото е одземено и предадено на понатамошно вештачење. 

Исто така, при претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони, парични средства во износ од околу 3000 евра, 700 долари, 188 илјади денари, како и товарно моторно возило ИВЕКО, заедно со 1098 пакети банани и останата документација.


Слично

Поврзани вести