(ФОТОГАЛЕРИЈА) Амбулантите на БРАКО ги заменија старите бараки на Здравствен дом Скопје
Трите амбуланти кои БРАКО ги изгради во Скопје пружија
целосно нови услови за пациентите и за медицинскиот персонал, информираат од компанијата Фероинвест.
-Старите дрвени амбуланти во Ѓорче Петров, Лисиче и Бутел, кои во рамките на проектот на Министерството за здравство беа заменети со нови и современи, сега овозможуваат чисти, хигиенски и пристојни услови за здравствени прегледи и лекување на граѓаните. Челичната конструкција е изработена во БРАКО, ѕидните и кровните панели се набавени од Србија и Грција, а дополнително се внатрешно зајакнати со стаклена волна и огноотпорни гипсани плочи. Објектите имаат внатрешни хидранти, аларми за пожар со детектори за чад, посебни антипаник кваки на вратите за лесно отворање и хидранти надвор околу објектот. Со ова, Здравствениот дом Скопје доби објекти кои се квалитетни, издржливи и безбедни, и се далеку над стандардот на дрвените бараки во кои претходно се наоѓаа амбулантите.
