(ФОТО) Малолетници со украден автомобил пропаднаа во длабока градежна дупка кај „Сити Мол“
Малолетници украле автомобил и со истиот пропаднаа превртени во градежна дупка во близина на Скопје Сити Мол во скопски Карпош.
Станува збор за одземено возило „пежо“, а настанот за СДК го потврдиле од државната болница „8 Септември“ која е во непосредна близина и таму биле згрижени децата.
„Околу 7-8 часот во ургентниот центар на болницата „8 Септември“ биле донесени три деца, кои наводно украле возило и при возење пропаднале во дупката.
Прегледани се и бидејќи немале посериозни повреди, однесени се во полициска станица“, велат извори од болницата за СДК, додека МВР се уште нема детали за случајот.

Слично
