Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЗОО СКОПЈЕ: Коко е повторно дома

(ФОТО) ЗОО СКОПЈЕ: Коко е повторно дома

Зоолошката градина во Скопје на својот фејсбук профил соопшти дека Коко се врати дома. Исто така тие соопштија дека дополнителни три шимпанза се нови членови на зоолошката во Скопје.

Утрово Коко, Мими, Роси и Хјасал се сместени во своите нови живеалишта.

Ви го пренесуваме текстот во целост:

„ Пристигнаа четирите шимпанза од Холандија. Коко е повторно дома ❤
Со стручен тим од AAP Animal Advocasy and Protection- организација која спасува илјадници животни и каде што престојуваа Коко, Мими, Роси и Хјасл, денеска рано наутро, шимпанзата беа пренесени во новото живеалиште. Моментално се во карантинскиот дел, каде што треба да се адаптираат, заедно со своите чувари од Холандија. Шимпанзата ќе имаат огромно живеалиште со внатрешен и надворешен дел, збогатен со многу реквизити. За нив ќе се грижат четири ЗОО негуватели, а после одморот и адаптацијата, нашите вработени кои го испратија Коко пред 10 години ќе одат да се поздрават со стариот другар “, пишува на фејсбук.

Инаку, Коко во 2009 година од зоолошкатата градина во Скопје, беше пратен на лекување од анксиозност во AAP Stichting, една од најдобрите светски организации за ресоцијализација и спасување на животни. По десет години лекување Коко е дома и веќе е сметен во ново живеалиште кое е збогатено со реквизити.

 Фото Фејсбук ЗОО Скопје

Слично

Поврзани вести