(ФОТО) Земјотресот во Охрид кој се почуствува и во Скопје урна оџаци и расфрла полици во маркети
Распукани тавани, урнати оџаци, паднати дрвја и расфрлани полици во супермаркетите ваква глетка затекнале Охриѓани по земјотресот од 5,0 степени по Рихтер кој денес во 13.18 часот го стресе охридскиот регион а со 3,7 степени се почуствува и во Скопје.
Од Центарот за управување со кризи посочуваат дека граѓани досега пријавиле за неколку штети а пријавени се оштетени коли, паднати дрвја , распукани тавани и урнати оџаци.
Граѓаните се вознемирени од земјотресите кои десет дена тлото под Охрид се тресе и се регистрирани над 800 потреси.
Апели за смиреност кај граѓаните пак упатија од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) .
Оттаму велат дека беспотребно се шири паника и демантираат дека земјотресите се резултат на вулканска активност на Косел.
ФОТО: ЕМСЦ



