Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Земјотресот од 1963 и пресудил: Што имало на паркинг-просторот кај „Холидеј ин“ некогаш?

(ФОТО) Земјотресот од 1963 и пресудил: Што имало на паркинг-просторот кај „Холидеј ин“ некогаш?

Разорниот земјотрес од 1963 година и пресудил на зградата на УКИМ каде моментално се наоѓа паркингот спроти  хотелот „Холидеј ин“.

Токму таа зграда морала да биде срамнета со земја.

Според новите планови за тој простор во строгиот центар на градот според последните планови ќе биде место каде ќе се градат нови висококатници.

Првичните замисли на инвеститорот беа таму да никнат 60-катници, но оваа цел најверојатно нема да се оствари.

На паркингот спроти хотелот „Холидеј ин“ во најстрогиот центар на Скопје ќе има згради, само нема да бидат 60-катници, како што предвидува постојниот Детален урбанистички план (ДУП), кој во моментов е под мораториум. Последните месец дена просторот на паркингот и околу него се расчистува од времените објекти, а не работи ниту паркингот со кој стопанисуваше АД за Стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Рампите за влез и излез од паркингот се кренати и поставен е натпис слободен влез.

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека во моментов на овој простор не може да се гради, односно дека немаат издадено градежна дозвола, бидејќи и овој ДУП е под мораториум. Откако ќе се донесе новиот ревидиран план на овој простор ќе има згради, но Богдановиќ вели дека уште не знае колку објекти ќе има и колкава ќе биде нивната висина, бидејќи планот уште се изготвува.

Слично

Поврзани вести