(ФОТО) „Зелените“ вклучија аларм: Некој ги бетонирал дрвата на Кеј 13 Ноември
Во групите за заштита на зеленилото на социјалните мрежи се споделуваат фотографии од забетонирани дрва на кејот 13 Ноември во центарот на Скопје.
Реконструкцијата на кејот започна пред четири месеци со проект вреден 88,6 милиони денари со вклучен ддв.
Се работи од мостот „Слобода“ кај „Холидеј Ин“ до Камениот мост. Уредувањето е на површината од околу 12.500 квадратни метри.
Активистите го повикуваат градоначалникот Петре Шилегов да го провери работењето на изведувачот и односот на дрвата.


Слично
