(ФОТО) ЗДРАВО УДРЕН АВТОМОБИЛ ПО ПОЛНОЌ - на главната улица во Ѓорче имаше сообраќајка
Доцна синоќа, некаде по 12.00 часот по полноќ, на главната улица во населбата Ѓорче Петров, се случи тешка сообраќајна несреќа.
Едно од возилата кое учествуваше во сообраќајката е видно оштетено, што се гледа од фотографиите кои ги направи Фактор директно од местото на несреќата.
Не се знае дали и колку има повредени во сообраќајната несреќа.
На местото на несреќата имаше и неколку собрани граѓани, од кои веројатно дел беа од учесниците во сообраќајката.
Се очекува МВР денеска да излезе со детали за сообраќајката.
Слично
