Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на паркинзите во Клинички

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на паркинзите во Клинички

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, објави дека се реконструирани и двата постојни паркинзи кај клиниките за хирургија и за гинекологија и акушерство во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Станува збор за проширување на постојните 6.000 квадратни метри на околу 20.000 квадратни метри со кои ќе се овозможи квалитетно функционирање на овој кампус до изградбата на нов клинички центар.

Министерот за здравство, Венко Филипче, нагласи дека ова е еден значаен инфраструктурен проект што целосно ќе ја смени сликата и ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.

-  Веќе се видливи измените коишто инфраструктурно се направени овде, освен посебниот влез за возилата на итна медицинска помош, се изработи нов влез кај Инфективната клиника, се шират влезовите кај Клиниката за стоматологија и веќе работиме на проширување на улица Белградска, над Клиничкиот центар. Од кај Кардиологија планираме да отвориме и четврти влез со што во целост ќе го олесниме влегувањето и излегувањето од Клиничкиот центар за да не настанува хаосот што ни се случуваше на Водњанска, меѓутоа и на самиот влез во Клиничкиот центар – рече Шилегов.

Точно една година по иницијативата на Владата, постапката за договор за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни монтажни гаражи во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ се уште нема ни оглас, иако до денес требаше да бидат изградени според првичната одлука и официјалниот рок кој беше зададен.


Слично

Поврзани вести