Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на коловозот на стојалиштето спроти „Рекорд“

(ФОТО) Заврши реконструкцијата на коловозот на стојалиштето спроти „Рекорд“
Градот Скопје пред предвидениот рок ја заврши реконструкцијата на крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“, со што сообраќајот на овој потег од денеска се одвива без ограничувања. Крајната сообраќајна лента на улицата Димитрие Чуповски, пред автобуското стојалиште наспроти „Рекорд“, се реконструираше во должина од 200 метри, пред и по автобуската станица. Оштетениот и вдлабнат асфалт беше изгребан, на делови каде што коловозот беше многу оштетен се санираше и потповршинскиот слој и се нанесе нов асфалт. Во текот на реконструкцијата на сообраќајната лента кај „Рекорд“ беа нивелирани и постојните шахти и сливници. Градот Скопје за овој градежен зафат одвои околу 4 милиони денари, информираат градските служби.  
Слично

Поврзани вести