Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ЗАСИЛЕНО СЕ РАБОТИ: Во Карпош ќе никне зелен парк со ботаничка градина

(ФОТО) ЗАСИЛЕНО СЕ РАБОТИ: Во Карпош ќе никне зелен парк со ботаничка градина

Теренот забрзано се рамни, ќе се гради нов парк. Конкретно, во скопската населба Карпош 4, покрај булеварот „Илинден“, во тек се интензивни активности за расчистување и рамнење на теренот за изградба на нов парк. 

Веќе неколку денови, механизацијата работи на терен и го расчистува градежниот шут и кабаст отпад што со децении се одложувал на оваа јавна површина, соопштија од Општина Карпош, објавувајќи и бројни фотографии. 

Во активностите за чистење на теренот учествуваат Градот Скопје и Општина Карпош. Локалната самоуправа учествува со осум милиони денари буџетски средства, кои се наменети за подготвителните активности: обезбедување на механизација за чистење и рамнење на теренот, велат од општината. 

Новиот парк ќе се простира на 60.000 м2 и ќе се надоврзе на Спортско – адреналинскиот дел, на кој веќе интензивно се работи (кај Алпинистичката карпа). 

Предвидено е во паркот да доминира зеленилото, со посебен систем за наводнување, но, ќе има и ботаничка градина и рекреативни содржини. 

„Во планирањето на јавниот простор вклучена е и стручната јавност, со тоа што Градот објави конкурс за избор на идејно решение за изгледот на паркот. Конкурсот трае до 16 – ти март, по што комисијата ќе ги оценува пристигнатите решенија“, велат од општината.

Слично

Поврзани вести