Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заработуваат по 200.000 долари патувајќи по светот

(ФОТО) Заработуваат по 200.000 долари патувајќи по светот

Колет и Скот Столер се брачен пар од Лос Анџелес кој заработува годишно 200.000 долари од патување. 

Тие дале отказ и почнале да патуваат по светот. Фотографии и видео материјали објавувале на социјалните мрежи, а пишувале и на блог. 

По седум месеци патување по светот, пред две години почнале да работат со помош на својот профил на Инстаграм. 

Со заработените пари платиле за вториот стан за кој штеделе. 

Од номадскиот стил на живот решиле да направат пари. 

Се поврзале со туристички агенции, хотели, компании за да ги планираат своите патувања. 

„Мора да знаете дека тоа не се случува едноставно, туку мора да работите енергично. Ние на секои 50 места добиваме по едно „да““ - велат тие. 

Сепак велат дека оваа работа не е лесна затоа што милиони луѓе се натпреваруваат за маркетингот кој тие го работат. 

Брачниот пар вели дека многу е мал бројот на луѓето кои од оваа работа можат да живеат комотно. 

Слично

Поврзани вести