Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Запознајте ја Полона и најголемата плантажа со аронија…

ФОТО: Запознајте ја Полона и најголемата плантажа со аронија…

Полона Ратајац не е обична девојка на која среќата и се насмевнала преку ноќ, туку таа е најголем произведувач на аронија во Словенија, а патот до овој успех воопшто не е бајковит.

2

Оваа 28 - годишна девојка пред пет години купила земјиште и размислувала што со него може да направи.

Се одлучила за аронија затоа што е популарна на пазарот, се бара и не е билка која бара многу труд.

„Прво барав парцела и многу време не можев да најдам. Потоа купивме земјиште и татко ми кој е по професија градежник ја украде идејата од еден Пољак дека можеме да засадиме баш аронија. Таа воглавно се увезува од други земји и беше тоа одлична можност“ - раскажува таа.

Првите купувачи биле луѓето кои кажувале дека аронијата им помогнала, а денес пласманот не е проблем за неа.

„Да се влезе во оваа работа не е лесно, посебно треба да се исполнуваат многу услови за да се добие државна помош“ - додава девојката.

Полона Ратајац е една од новите 250 земјоделци кои секоја година ги создава Словенија.

Оваа девојка вели дека има многу работа, но планира да се здружи со други производители на аронија.

3

4

Слично

Поврзани вести