Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Започна пререгистрирањето на државните институции со новото име

(ФОТО) Започна пререгистрирањето на државните институции со новото име

Покрај менувањето на таблите, започна и пререгистрирањето на државните институции со новото уставно име, а први се Агенцијата за вработување, Централниот регистар и Службен весник.

Вчера Централниот регистар ја евидентираше „Агенцијата за вработување на Северна Македонија“, а упис на промена на назив имаат и сите нејзини 30 подружници во градовите.

„Решението е донесено постапувајќи по пријавата за упис на промена - назив и скратен назив, назив на подружници и промена на раководител во организациона единица на АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Скопје, со примена на член 30, 39 и 41 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица“, се вели во решението.

Истото е донесено според одлука за прогласување на Амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на Република Македонија  и член 2 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија (Сл.Весник на РМ бр.6/19), го донесе следното решение.

Претходно истиот ден беше објавено и за Централен регистар и Службен весник.


Слично

Поврзани вести