Фото: Замрзнат излезот од Скопје кај Идризово, има судари
Утрово со потешкотии се одвива сообраќајот на излезот на Скопје кај Идризово за приклучување на автопатот.

Според информации од возачите кои пристигнаа до редакцијата на Фактор патот е замрзнат и лизгав, па затоа треба многу да се внимава и да се прилагоди брзина.

Лошите временски услови предизвикаа и помали сообраќајни несреќи бидејќи возилата не успеаја навреме да закочат.

Слично
