(ФОТО) Заклучени врати во Велешки училишта, средношколци скокале преку прозорци
Ширум земјава денеска се маршираше против реформите во средното образование и концептот на државната матура.
До нашиот медиум беше испратено соопштение во кое се тврди дека едно стручно училиште во Велес ги заклучило училишните врати, не дозволувајќи им на стотина ученици да излезат на марш.
„Професорите, особено директорите се закануваа дека секој што ќе излезе на марш ќе биде казнет, ќе има укор, нема да присуствува на средношколските забави и слично. Поединци, членови на пленумот беа повикувани во директорските канцеларии, беа испрашувани и притискани да ги кажат имиња на сите ученици кои ја започнале иницијативата.
Во едно од стручните училишта, ОСУ „Јовче Тесличков“, директорката Нада Јованова се повика на екстремности и ги заклучи училишните врати, не дозволувајќи им на стотина ученици да излезат на марш. Средношколците беа принудени да се префрлаат од прозорци и порти високи до едно и пол метро. Дваесетина од нив успеаа да се ослободат, додека обезбедувањето брзо реагираше и ги спречи останатите во намерата“.
Слично





