(ФОТО) Заеви почесни гости во Виена: На балот се дружеа со Курц и неговата сопруга
Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица ја имаа честа годинава на Виенскиот бал да седат токму до канцеларот и првата дама на Австрија Себастијан Курц и неговата сопруга.

Заеви како почесни гости на канцеларот Себастијан Курц беа дел од престижниот Виенски оперски бал .

На средбата пак која ја имаа вчера попладнето Заев и Курц ,Премиерот му се заблагодарил лично на Канцеларот, но и на Владата на Република Австрија за сѐ што направиле за Република Северна Македонија.
Себастијан Курц е најмладиот канцелар во историјата на Австрија и Европа, .Тој е поврзан и со Балканот, има семејни врски со Србија, неговото семејство им помагало на бегалците од просторот на поранешна Југославија, а неговата европска кариера е поттикната со затворање на балканската мигрантска рута...ова се само дел од нештата за кои во биографијата на младиот шеф на австриската влада .Фото: принтскрин/tvthek.orf.at
Слично
