(ФОТО) Заеви гласаа во Струмица
Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица правото на глас го остварија во Струмица.
-Како одговорен граѓанин на нашата земја, излегов и гласав. Секој ваков ден на гласање е убав, и важен, кога граѓаните на најдиректен начин, на демократски начин, носат важни одлуки за својата земја. Гласањето е чест, право, и граѓанска должност.
Денеска очекувам сите наши граѓани да изберат Претседател на Република Северна Македонија-кажа премиерот и лидер на владеачката СДСМ.
Тој посочи дека од сите се очекува одговорност а сериозна зрелост ќе покажеме сите ако демонстрираме демократичност во нашиот избор, ако изборите бидат успешни, ако го држиме единството во нашата земја, и силно чекориме напред кон современиот свет, кадешто припаѓа нашата земја, Република Северна Македонија.

