Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заев, Столтенберг и Хан во Давос го чекаат исходот од грчкиот парламент

(ФОТО) Заев, Столтенберг и Хан во Давос го чекаат исходот од грчкиот парламент

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска на Светскиот економски форум во Давос како што беше предвидено се сретна со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, и со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

- Поддршка за интеграциите кои нашата земја ја носат напред. Подготвени сме за глобалниот демократски свет, напиша премиерот на својот профил на Фејсбук.

Со Заев во Давос е и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши.

Истовремено денеска ќе се чека исходот од грчкиот парламент каде што вечерна агендата е гласање за ратификацијата на Преспанскиот договор.

Давос е местото каде што точно пред една година се афирмираше идејата за Преспанскиот договор на средбата помеѓу Заев и грчкиот премиер Алексис Ципрас.


Слично

Поврзани вести