Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заев со Филипче во Анталија, се сретна со Петков

(ФОТО) Заев со Филипче во Анталија, се сретна со Петков

Поранешниот премиер Зоран Заев заедно со поранешниот министер за здравство Венко Филипче учествуваат на Фрумот за дипломатија во Анталија. Според фотографиите што ги објави поранешниот претседател на Владата на Фејсбук, може да се види дека тој имал и разговор со бугарскиот премиер Кирил петков.

Заев вели дека заедно со Филипче учествуваат на покана на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган и на министерот за надворешни работи на Турција, Мевљуд Чавушоглу.

„Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Северна Македонија со своите соседи“, вели Заев.

Тој додава дека имал прилика во Анталија да ги сретна, како што вели, неговите пријатели, поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.


Слично

Поврзани вести