Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Заев, Шекеринска, Царовска заедно на маршот за 8 март

Фото: Заев, Шекеринска, Царовска заедно на маршот за 8 март

Високи претставници на државниот врв предводени од премиерот Зоран Заев учествуваа на денешниот марш за правата на жените и еднаквост во општеството по повод меѓународниот празник 8 март. 

Премиерот Заев им даде поддршка на граѓанските организации и активисти за остварување на родова еднаквост и поголема застапеност на жените во сите општествени сфери. 

Еден од спонтаните моменти беше кога премиерот Заев се понуди да го придржи мегафонот додека говореше една од граѓанските активистки пред насобраните во Жена паркот во Скопје.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потенцираше пак, дека само со силни жени со права, права што ги штитат жените ќе имаме силна правна држава. Новата влада решила одново да ги стартува родовите студии, а дека мора да се работа на поголема застапеност на жените во политиката, но и сите други области.

Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика порача дека на 8 март не се потребни скапи подароци, бидејќи сите мажи но, и жени треба да се запрашаат што направиле за еднаквоста и рамноправноста.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести