Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заев се врати предвреме од одмор, замина во Будинарци

(ФОТО) Заев се врати предвреме од одмор, замина во Будинарци

Премиерот Зоран Заев предвреме се врати од летниот одмор и денеска го посети беровско Будинарци, едно од местата каде што се закануваат пожарите.

„Во овие денови на регионална солидарност, уште еднаш упатуваме огромна благодарност за помошта која е веќе на теренот, а пристигна од Србија, од Словенија и од Австрија, како и за двата авиони кои пристигнуваат од Романија.

Ситуацијата ја следиме постојано и будно, во постојана ангажираност и координација се сите капацитети на државата и заедно со граѓаните и со пријателската помош заедно ќе се справиме со оваа опасност.“, објави премиерот.

Владата вчера објави дека премиерот од 3 до 12 август ќе го користи летниот одмор, но дека е во постојана координација со останатите членови на Владата и со службите кои работат на теренот.

Слично

Поврзани вести