Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заев однесе книги од Блаже Конески во Пустец

(ФОТО) Заев однесе книги од Блаже Конески во Пустец

Премиерот Зоран Заев и министерката за образование Мила Царовска денеска го посетија заедничкото основно и средно училиште „Митре Колефски и Трајан Ѓоргијовски“  во Пустец. Ова училиште во Албанија е реновирано со поддршка на Владата а во истото се учи на македонски јазик.

„Денеска со нас донесовме одреден број книги од кодификаторот на современиот македонски јазик Блаже Конески, како и одреден број учебници кои можат да претставуваат дополнување на наставата во заедничкото основно и средно училиште во Пустец“, објави Заев.

Тој најави дека образовниот кадар по македонски јазик во училиштата од Мала Преспа во иднина ќе соработуваат со Институтот за македонски јазик Крсте Петков Мисирков, Советот за македонски јазик, Меѓународниот семинар за македонски јазик и со Филолошкиот факултет при Универзитетот во Битола за обуки на наставниците кои држат настава по предмети на македонски јазик.

„Ова е добра прилика да најавам дека во текот на 2021 година ќе започне постапката за отворање на почесен Конзулат во Корча кој ќе биде од особена важност и нова алка од повеќекратно значење за Македонците кои живеат во овој дел од Република Албанија“, додаде Заев.


Слично

Поврзани вести