(ФОТО) Заев и други функционери на прослава на Националниот ден на Бугарија
Премиерот Зоран Заев синоќа присуствуваше на одбележувањето на Националниот ден на Бугарија, односно на одбележување на најголемиот празник на источниот сосед кој го слави ослободувањето од отоманското ропство.
Со него беа неговите заменици Оливер Спасовски и Бујар Османи, како и министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Настанот традиционално го организира Амбасадата на Бугарија во Скопје во хотелот „Александар Палас“.
Фотографијата ја објави министерот Фазлиу на својот профил на Фејсбук со краток коментар дека присусутвуваат на одбележувањето на националниот празник на соседот.

Слично
