Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заев и денеска продолжи со селфи-манијата

(ФОТО) Заев и денеска продолжи со селфи-манијата

Премиерот Зоран Заев продолжува со „селфи-активностите“ откако денеска беше објавено уште едно такво со него при посетата на РЕК Битола.

Овој пат фотографираше директорот на комбинатот, поранешниот пратеник и советник во општина Битола - Васко Ковачевски, кој на својот инстаграм профил објави селфи со Заев, директорот на АД ЕЛЕМ и другите соработници.

„Инвестираме во екологијата! Нови филтри во РЕК Битола, ќе значат подобар амбиентален воздух во Битола, Новаци, Могила…“, стои во објавата на Ковачевски на Инстаграм.

Селфито на Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас во вторникот стана многу популарно, а во средата на телевизија рече дека би направил и едно со Христијан Мицкоски доколку тој стане разумен.

Во интервју за локалната телевизија Тера Заев рече дека АД ЕЛЕМ има преку 40 милиони евра на своја сметка и нето добивка од 24 милиони евра. Ќе се инвестираат 20.4 милиони евра се инвестираат во евростатски филтери во РЕК.Битола и дека во минатото осум години не биле правени генерални ремонти. АД ЕЛЕМ имаа преку 40 милиони евра на своја сметка.



Слично

Поврзани вести