Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Заев 14-ти најпопуларен политички лидер во Европа на Фејсбук во 2020, трет по број на постови

(ФОТО) Заев 14-ти најпопуларен политички лидер во Европа на Фејсбук во 2020, трет по број на постови

Македонскиот премиер Зоран Заев годината 2020 ја завршил како 14-ти најпопуларен политички лидер во Европа на социјалната мрежа Фејсбук, според ранг-листата што ја објави компанијата „Терадата“.

Во овој случај „Терадата“ го зема и бројот на население како параметар. Заев во рангирањето е зад Џузепе Конте, Реџеп Тајип Ердоган, Борис Џонсон, Себастијан Курц, Еди Рама, Мете Фредериксен, а пред него се уште и Киријакос Мицотакис, Бојко Борисов, Педро Санчез и Андреј Бабиш.

Заев добил 1,8 милиони реакции, а годината ја завршил со 229,2 илјади следбеници и 774 постови.

Според бројот на фанови е на 13.позиција, а по бројот на постови е на третото место, односно само Еди Рама (812) и Андреј Бабиш (799) имаат повеќе од него.


Слично

Поврзани вести