(ФОТО) ЗА ПОМАЛКУ ОД ДВА ЧАСА ВО КАРАНТИН: Кумановци се растрчаа по маркети да купуваат храна
Граѓаните на Куманово се растрчаа по продавници да купуваат храна откако беше објавено дека градот оди во карантин за викендот.
Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денес) до 05:00 часот во понеделник.
Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
На социјалните мрежи се шират фотографии од групи граѓани пред продавници, маркети, но има и критики зошто попладнево граѓаните се информирани дека по 21 часот, па до понеделник нема да се движат. Според нив, требало порано во текот на денот да се соопшти веста, за да имаат време и постарите да си купат храна.

Слично
