(ФОТО) Вратена спомен плочата на Мајка Тереза во центарот на градскиот плоштад
Град Скопје ја врати спомен плочата на местити јаде што живеела хуманистката Мајка Тереза во близина на самиот градски плоштад.
„Спомен плочата за куќата на Мајка Тереза, со ново, достоинствено решение. Пристапна од новиот плочник на Плоштадот Македонија“, објави градоначалникот Петре Шилегов.
Спомен-плочата во центарот на градот беше отстранета за да биде поставен вештачкиот тревник до обележјето каде се наоѓала родната куќа на скопската нобеловка. Обележјето сепак е поместено за неколку метри во однос на тоа каде беше поставено претходното. Пристапот до плочата беше отежнат по продажбата на плацот во Мал Ринг како приватен, а во моментов градските власти водат судска постапка за да го вратат.


Слично
