(ФОТО) Воз удри во 12 патници во Велес, има повредени деца
Тешка сообраќајна несреќа се случила на железничкиот премин Порцеланка кај Велес каде железничкото возило удрило во комбе со патници. Комбе вршело јавен превоз за потребите на Општина Чашка.
Градоначалникот на Чашка, Горан Стојановски, ја објави информацијата и рече дека среќата била на страната на патниците, затоа што минале со полесни повреди. Десетмина од повредените, според информации дадени од МВР за ТВ21, се пренесени во болница.
„Денеска околу 12 часот се случи несреќа на железничкиот премин Порцеланка, железничко возило удрило во патничко комбе, повредени се 12 лица кои доаѓале од Велес и си оделе дома, меѓу нив имало и деца. Сега се добро, ќе одам да те посетам во болница. Комбето превезувало патници од Велес до село Мелница, каде што повеќето повредени се од ова село“, рече меѓу другото градоначалникот на општината.

