Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ВОЈНИЦИТЕ ГИ ПРЕЧЕКАА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ - 200.000 дози Синофарм пристигнаа во Скопје

(ФОТО) ВОЈНИЦИТЕ ГИ ПРЕЧЕКАА КИНЕСКИТЕ ВАКЦИНИ - 200.000 дози Синофарм пристигнаа во Скопје

Војниците од АРМ ги пречекаа и ќе ги транспортираат кинеските вакцини. 

Станува збор за 200.000 вакцини на компанијата Синофарм кои пристигнаа утрово. 

Со пристигање на вкупно 200.000 вакцини на „Синофарм“, по велигденските празници и официјално ќе започне масовна имунизација на населението. Досега се вакцинирани вкупно 60 000 граѓани, а надлежните најавуваат дека од следната недела дневно ќе се вакцинираат по 10 000 граѓани, без да се создаваат гужви.

Надлежните уверуваат дека процесот на имунизација се спроведува добро во сите градови, но дека и понатаму ќе продолжи на истиот начин.

Се се спроведува во најдобар ред, и правилно се распределуваат вакцините согласно стратегијата – најголем дел за повозрасните граѓани и еден дел помал за вработените во критичната инфраструктура, беше дециден вчера министерот за здравство Венко Филипче.

Вакцините „Синофарм“ беа купени во директните преговори со производителот, а во државата пристигнаа изутрина во 07:00 часот.

За во понеделник е најавено овие вакцини да бидат дистрибуирани и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид, согласно бројот на пријавени граѓани.

Министерот смета дека овој систем ќе овозможи од вторник дневно да се вакцинираат над 10.000 граѓани, и како што потенцира, воопшто да нема никави гужви.

Досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените  во критичната инфраструктура.

Според нашите пресметки нешто под 20 проценти, околу  18 проценти  се вакцинирани лицата над 70 години од вкупната  бројка на граѓани над 70 години во земјава, рече Филипче, посочувајќи дека има сосема доволно простор за да не се прават гужви во период на вакцинирањето, и дека се чека на одредено растојание.

Тој посочи оти верува дека во текот на мај силно ќе бидат видливи апелите и кампањите за граѓаните да аплицираат за вакцинација.

Слично

Поврзани вести