Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Во тек е акција за уривање на летните тераси на Кеј „13 Ноември“, договорено е со угостителите

(ФОТО) Во тек е акција за уривање на летните тераси на Кеј „13 Ноември“, договорено е со угостителите

Во тек е акција за уривање на летните тераси на Кејот „13 Номври“. 

Фактор направи ексклузивни фотографии од уривањето на терасите на локалите на кејот на Вардар.

Од Град Скопје велат дека отстанувањето на урбаната опрема е претходно договорено со сопствениците на рестораните.

Ова следува откако од град Скопје претходно имале состаноци со угостителите и им било објаснето дека оваа акција е неопходна за да може да се направи реконструкцијата на Кејот. Инаку, оваа акција беше најавена пред неколку дена.

„Градот го подготвува теренот за да може да започне реконструкцијата на Кејот. Локалите се согласија да го ослободат просторот, но за возврат ќе добијат проширување на постојните тераси. Тоа значи дека летни тераси во средина на шеталиштето нема да има, но за сметка на тоа Градот ќе им овозможи на локалите да го прошират постојниот капацитет“, објаснија од Град Скопје.

Според плановите, Кејот „13 Ноември“ до лето треба да биде уреден со нова поплочена патека, корпи за отпадоци, паметни клупи за седење. Треба и да се постави нов дрворед и жардиниери, а ќе има и осветлување со рефлектори и нови канделабри.

Инаку, со реконструкцијата на потегот од Градскиот плоштад кај „Телеком“ до хотелот „Холидеј ин“ ќе биде опфатена површина од 12.500 квадратни метри, вклучително и онаа каде во моментов се поставени терасите на угостителите.

Погледнете ја галеријата на Фактор.

Слично

Поврзани вести