(ФОТО) Во Скопје блесна новогодишната елка
На плоштадот во Скопје е поставена новогодишната елка.
Со вечерашното отворање на новогодишната населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“ Скопје подготвено ја пречекува новогодишната магија. Се ближат новогодишните и божикните празници кои нудат можност да се споделуваат убави моменти со граѓаните. За таа цел Град Скопје постави новогодишни куќички на плоштадот „Македонија“ за уникатно празнично расположение, стои на веб сајтот на Град Скопје.




Во новогодишната населба со украсени куќички има катчиња за игра и смеа, како и мала сцена на која ќе се организираат настани кои ќе го привлечат интересот на посетителите, без разлика на возраста. Ќе има и топ за вештачки снег, со што ќе се дополни зимската слика. Во населбата ќе има катчиња за детски игри, како и разновидни содржини од новогодишен карактер. За вљубениците во зимските спортови, во населбата ќе биде поставено и лизгалиште на мраз.
фото Град Скопје
