Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Во Аеродром ќе никне парк вреден 30 милиони денари

(ФОТО) Во Аеродром ќе никне парк вреден 30 милиони денари

30 милиони денари е вредноста на инвестицијата чиј старт беше означен вчера.

Станува збор за изградба на нов парк спроти „Мајчин дом“ кој ќе никне  на просторот на аголот меѓу улицата „Васко Карангелевски“ и булеварот „Јане Сандански“.

Паркот ќе зафаќа површина од 2.319 м2 и ќе содржи пешачки патеки, водени површини, езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште.

8 od nasslovna - Golema parcela

Во паркот ќе се задржат постојните дрвја кои се наоѓаат на оваа локација, а дополнително ќе биде засадено ново зеленило од нискостеблести растенија и цвеќе. Површините со вода ќе бидат осветлени со рефлектори, кои ќе го надополнуваат амбиентот во вечерните часови.

-Со изградбата на овој парк ќе се придонесе за подобрувањето на животната средина во Општина Аеродром – истакна градоначалникот Трајановски.

Градоначалникот Коневски потенцираше дека со хортикултурно и партерно уредување на овој простор ќе се создаде пријатно место за престој на жителите на овој дел од општината.

Слично

Поврзани вести