Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ВЕТО: Жерновски ги потпиша решенијата за запирање на објавата на ДУП-овите

(ФОТО) ВЕТО: Жерновски ги потпиша решенијата за запирање на објавата на ДУП-овите
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска го потпиша решението за запирање на објавувањето на одлуката за донесувања на урбанистички план Градска четврт – локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало курило и Цвеќара и ДУП-от Тасино Чешмиче 1. Решенијата Жерновски ги достави до претседавачот на Советот на општината и од овој момент почнува да тече рокот од 15 дена за закажување на нова седница на Советот на која спорните ДУП-ови повторно се ставаат на дневен ред. Поради разногласието во стручната јавност и различните толкувања на Законот за локална самоуправа, градоначалникот Жерновски ќе се обрати до Претседателот на Собранието и ќе побара автентично толкување на Законот за локална самоуправа во овој дел. Ова значи дека 4 институции севкупно ќе го третираат предметот:  Советот на општина Центар, Министерството за локална самоуправа, Уставниот Суд и Собранието на РМ. Одговарајќи на новинарски прашања, градоначалникот Жерновски појасни дека не знае како ќе гласа претседавачот на Советот, Мирослав Шиповиќ, на следната седница на која ќе се најдат ДУП-овите, бидејќи по чинот на гласањето на седницата во петокот, не бил во контакт со него. Според Жерновски, согласно Уставот и законите, доколку Советот повторно ги изгласа ДУП-овите, тогаш градоначалникот ќе биде должен да ги потпише и да се обрати до Уставниот Суд. Сепак тој не е оптимист во можната одлука на Уставниот Суд, ниту дека ажурно ќе одлучат за случајот. Затоа градоначалникот на Центар ќе побара времено решение да не се применуваат овие ДУП-ови. Директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа, Ванчо Шехтански, претходно изјави дека градоначалникот на Центар може да стави вето, но одлуката треба да ја верификува локалниот инспекторат и дека, според Шехтански, одлуките на Советите се носат со просто мнозинство, освен ако во Законот за локална самоуправа децидно не е наведено за кои одлуки е потребно квалификувано мнозинство. “Кој е тој Шехтански? Мислите на оној Шехтански кој пред извесен период пред основните училишта во Чаир, мафташе со документи и изјави дека нема да постојат таблите со нови имиња на училиштата. Сеуште ги гледам на истите места. Со тој човек немам намера да комуницирам преку медиумите“, одговори Жерновски.
Слично

Поврзани вести