Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Вардар ја покори ракометна Европа - Македонскиот тим се издигна на ВРВОТ

Фото: Вардар ја покори ракометна Европа - Македонскиот тим се издигна на ВРВОТ

ВАРДАР Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН. Ракометарите на Вардар ја покорија Европа, за прв пат македонски тим е на врвот на Лигата на Шампионите. Перфектната сезона момците во црвено-црниот дрес ја крунисаа со златен медал на Фајнл фор турнирот на ЕХФ во Келн. 

Вчера падна Барселона, во елиминациите декасиран беше и германски Фленсбург, а во големото финале потклекнаа и „милионерите“ од ПСЖ со ракометни легенди како Тери Омејер, Лука Карабатиќ, Нарцис, Хансен и многу други. 

Циндриќ повторно донесе голема предност откако на минута пред крајот беше прегрубо фаулиран за ПСЖ да го доигра мечот со играч помалку. 

Нарцис стрелаше за израмнување и желба за продолженија. Но, тогаш Раул Гонзалез повика и тајм аут на 6 секунди до крајот. Човек на одлука беше искусниот Чупиќ кој се проби на крило и во последната секунда го совлада великанот Омејер за неизмерна радост на цела Македонија. 

Вардар по Кометал Ѓорче Петров е нов македонски тим кој успеал да ја освои Лигата на шампионите. Секоја чест за Стоилов, Кањелас, Дибиров, Душебајев, Карачиќ, Штербик, Македа, Борозан, Абутовиќ, Чупиќ и останатите златни момци.

Македонија има зошто да слави и да се гордее.

Слично

Поврзани вести