ФОТО: „ВАКА СЕ ГРАДИ ВО ДЕБАР МААЛО“: Од Шанса за Центар велат „Устав се менува, ама ДУП никако“
Од граѓанска иницијатива за независна советничка листа во Општина Центар, Шанса за Центар, објавија фотографии на кои покажуваат како се гради во Општина Центар. На фотографиите се гледа колку близу се зградите една до друга.
„Вака се гради во Дебар Маало! Без усул ни за соседското право, или безбедноста, спокојот на жителите или на децата од градинката. Ова е сѐ за што локалните власти управувани од партиите викаат дека е по дозвола, по план од 2012, одобрено од инспектори и служби. Вака изгледа кога после 15 год се спроведуваат погрешни планови. И да се потсетиме: Устав се менува, ама ДУП никако“, објавија оттаму.
Слично
