Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Вака ли се развива туризам: Патот МАВРОВО – РАДИКА непрооден!

(ФОТО) Вака ли се развива туризам: Патот МАВРОВО – РАДИКА непрооден!

Информацијата дека дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ се постојано на терени и ги одржуваат сите правни правци проодни според нашите читатели не фаќа место.

Патот Маврово - Радика , е непрооден, поточно кај село Леуново возилата и механизацијата кои Македонија пат ги испратила на терен биле неисправни и заглавиле кај Леуново , реагираат до нашиот медиум читатели, испраќајки ни ја фотографијата подолу, напоменувајќи дека возачите на механизацијата им посочиле дека истите се неисправни.

mavrovo neproodno

„Вака туризам не се развива во ниту една земја. Маврово е едно од нашите туристички места на кои треба да им се посветува повеќе внимание. Ова што се прави нема никаква смисла. Замислете да заврнат два метри снег? Што ќе правиме тогаш? Ќе треба со денови да бидеме заглавени и отсечени од светот“, реагира нашиот извор кој сакаше да остане анонимен.

Снег со среден интензитет паѓа низ цела Македонија со што предизвикува блокирање на сообраќајот,  а според  информациите добиени во АМСМ од Ј.П. Македонија пат, сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на места со остатоци од кашест снег.

Слично

Поврзани вести