Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ТВИТНАА ОД АВИОН: Пред да слетаат во Скопје Хан и дипломатите пратија порака

(ФОТО) ТВИТНАА ОД АВИОН: Пред да слетаат во Скопје Хан и дипломатите пратија порака

На летот кон Скопје диплматите кои денеска доаѓаат во земјава испратија порака до политичарите.

Од авионот кој ќе слета на скопскиот аеродром европскиот комесар и тројцата негови придружници Едуард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл твитнаа .

Во пораката која ја праќаат порачуваат да не се подгреваат меѓуетнички тензии а да се почитува демократијата и парламентарното мнозинство.


„Почитувајте ја демократијата и парламентарното мнозинство, не ги распламтувајте меѓуетничките тензии“-пишуваат европските пратеници кои денеска ќе се обидат уште еднаш по кој знае кој пат да им помогнат на партиите да излезат од кризата која веќе влегува во третата година.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан и европратениците ќе остварат средби со сите политички лидери освен со шефот на државата.

Претседателот Иванов не е вратен сеуште од Унгарија и оваа средба засега е неизвесна.

Слично

Поврзани вести