Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) ТВИТЕРЏИИТЕ СЕ ИНСПИРИРАА: „Ексклузивни фотографии“ од сообраќајката на Диме Спасов

(ФОТО) ТВИТЕРЏИИТЕ СЕ ИНСПИРИРАА: „Ексклузивни фотографии“ од сообраќајката на Диме Спасов

Твитер заедницата на социјалните мрежи уште рано по сабајле фаќа сеир со шегобијни фотографии од последниот синоќешен инцидент во кој според мноштвото од медиуми осомничен е заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Твитерџиите овој пат се инспирираа од сообраќајната незгода во која според неофицијални информации како што соопштивме учествувал Спасов.

Полицијата уште ноќеска за повеќе медиуми потврди дека имало сообраќајка со висок функционер и дека денеска ќе излезе со детали за настанот. Возачот по сообраќајката избегал, а утрово кабинетот на Спасов ги демантираше обвинувањата. 

Истрагата на МВР ќе го разјасни случајот, а дотогаш вие насмејте се за убав викенд на сметка на Диме Спасов кој се надеваме нема да им замери на Твитерџиите.

Слично

Поврзани вести