Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Со авиони донесени гласачи за вториот круг на локалните избори

ФОТО: Со авиони донесени гласачи за вториот круг на локалните избори

Дојдоа полни, заминуваат без ниту еден патник - два изнајмени авиони, еден од Дортмунд, еден од Базел донесоа гласачи за утрешниот изборен ден, дознава Фактор. 

Според нашите информации, се работи за луѓе кои не живеат во Македонија но редовно ги продолжуваат македонските документи и на кои им е обезбеден лет до земјава и назад, само за да гласаат, неофицијално, за во Кичево, Струга и Брвеница. 

Како што дознава Фактор, во едниот авион имало 146, а во другиот 164 патници, а имало и еден авион претходно кој слетал од Цирих.

Александар Тодески

Слично

Поврзани вести