Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Тимот на „Медена земја“ блеска и воодушевува предоскаровски во Лос Анџелес

(ФОТО) Тимот на „Медена земја“ блеска и воодушевува предоскаровски во Лос Анџелес

Почнувајќи од стилските комбинации кои ги избрале за предоскаровските случувања па се до раскажувањата за „Медената земја“ , тимот на филмот кој утре вечер ќе се бори за два Оскари брилјира во Лос Анџелес.

Тамара Котевска и Љубомир Стефанов беа учесници на предоскаровски панел со останатите режисери на филмовите номинирани во категоријата Најдобар странски филм, како единствени филмаџии кои конкурираат во оваа категорија со документарец.


„Медена земја“ исто така е номиниран и во категоријата Најдобар документарец на Оскарите 2020.

Во однос на модните комбинации, Тамара за предоскаровскиот панел се одлучила за небесно син фустан во креација на модното студио „Алшар“ во комбинација со црни сандали.


Подолу, ви го пренесуваме видеото на кое се наоѓа панел дискусијата.

Она што првично го раскажува Стефанов како го нашле најјасниот начин за да ја раскажат приказната на главната протагонистка на филмот Атиџе, но зборуваат и за предизвиците со кои се соочиле за време на снимањето, мислејќи на условите за снимање како и на јазичната бариера.


Слично

Поврзани вести