(ФОТО) Тежок пропуст: Македонска пошта издаде поштенска марка со „Велика Хрватска“ на Анте Павелиќ
Македонска пошта на Денот на Европа во оптек пушти поштенска марка во знак на благодарност кон Хрватска, чие претседателствување со Европската Унија даде огромен придонес Македонија да добие одлука за почеток на преговори со Брисел. Но при тоа направи тежок пропуст затоа што е отпечатена картата на „Велика Хрватска“ на Анте Павелиќ, односно на Независна Држава Хрватска како нацистички колаборационист.
Картата на Хрватска нацртана на марката не ги претставува границите на земјата, туку е карта на Незавизна Држава Хрватска, квинслишка творба чии водачи се директно одговорни за страдањето на повеќе од милион луѓе.
Дизајнерите ја скицирале мапата на марионетскиот усташки режим, кој во своите претензии ги опфаќал и териториите на денешна Босна и Херцеговина и дел од Србија и Црна Гора.

Слично
