(ФОТО) ТЕТОВЦИ ЕДВАЈ ДИШАТ, ЗАГАДУВАЊЕТО Е АЛАРМАНТНО: ПМ 2,5 се обоени во црвено
Актуелната
состојба со загадувањето на Тетово е алармантна. Граѓаните кои до редакцијата
на Фактор доставија фотографии од градот кој буквално е обвиткан во магла и тоа
ткму во пладневните часови, велат дека едноставно не се дише на татовските
улици.

-Во текот на зимата е најстрашно. Сите домаќинства се греат на дрва, односно на се и сешто. Кој знае што се се става во ќумбињата. Смрди воздухот, се чувствува тежок мирис на хемикалии, тешко на хроничните болни, но и здравите ќе се испоразболат од ваква нездрава средина. Ова не се поднесува повеќе, велат загрижено луѓето.
Во моментов во Тетово индексот на аеро загадувањето, односно на ПМ 2,5 честичките е 170 и е во категоријата „нездраво“, која е обоена со темно црвена боја.

За оваа категорија е наведено:
Секој може да почне да доживува здравствени ефекти, припадниците на чувствителните групи може да доживеат посериозни здравствени ефекти.

Активните деца и возрасните и луѓето со респираторни заболувања, како што е астма, треба да избегнуваат продолжени активности на отворено; сите останати, особено децата, треба да го ограничат продолжениот престој на отворено.

