Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фото: Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром - Една жртва, автомобил изгоре

Фото: Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром - Една жртва, автомобил изгоре

Страшна сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа на булевар Србија во близина на кулите Џевахир, при што загина едно лице. Двата автомобили директно се судриле но, жртвата е таксист од третиот автомобил кој бил потоа удрен по одбивање на аудиото од несреќата. Останатите учесници во несреќата се здобиле со потешки повреди.

За немилиот настан известува и МВР со повеќе детали за несреќата.

„На 29.12.2017 година околу 01,25 часот во Скопје на булевар „Србија“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ауди А4“ управувано од Ѓ.Д.(28) од Скопје се судрило во патничко моторно возило „Пежо 207“, управувано од А.М.(60) од Скопје, а потоа преку тревникот поминалo на коловозните ленти од спротивната насока и удрило во оградата на бензинската пумпа, по што удрило во такси возило марка „Шкода Октавијa“ управувано од Т.Ј.(58) од Скопје. По незгодата, возилото „Ауди А4“ се запалило и целосно е опожарено. Сите возила кои учествувале во сообраќајната незгода се со скопски регистарски ознаки. Во сообраќајната незгода на место на настанот починал Т.Ј., додека тешка телесна повреда (фрактура на колено) е констатирана кај сопатникот од „Ауди А4“ Б.М.(21) од село Сопиште.  Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција“, велат од МВР. 

Сообраќајот на бул. „Србија“, на делот од крстосницата со бул. „Јане Сандански“ до крстосницата со бул. „3-та Македонска Бригада“, бил во прекин во двате насоки од 01.30 часот до 05.30 часот“ информираат од МВР.


Слично

Поврзани вести