(ФОТО) ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Се судрија две товарни возила на патниот правец Росоман - Прилеп
На патниот правец Росоман - Прилеп денеска се случила тешка сообраќајна несреќа, во која се судриле две товарни возила.

Фактор објавува ексклузивни фотографии од сообраќајната несреќа.
Според информациите, сообраќајката се случила во близина на селото Дреново, на 600 до 700 метри од бензинската пумпа на „Макпетрол“.
Нашите информации говорат дека сообраќајот е во прекин во една колона, бидејќи се врши увид од страна на полициски екипи.

Засега нема информации за евентуално повредени лица.

Се очекува набргу Министерството за внатрешни работи да излезе со детали за сообраќајната несреќа.
Фото: Фактор
Слично
