(ФОТО)„Татко ми не е терорист“: Се бара слобода за осудените за упадот во Собранието
Под засилено полициско обезбедување се одржува денеска протестот за поддршка на осудените од настаните при упадот во Собранието. Маршот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите!“ почна во 11 часот пред Владата, а толпата народ се движеше подоцна кон Собранието. Се извикуваше „Никогаш Северна, само Македонија.., Слобода, оставки, Македонија.
Поддршка на протестот дава и партијата ВМРО-ДПМНЕ, а денеска таму беше највисокото раководство на опозициската партија.



Настанот се одржува по повод годишнината од настаните кои се случија на 27 април 2017 година. Го организираат македонски организации од Европа, Канада, САД и Австралија.

Слично
