ФОТО:СУПЕР ДАЈАНА, работи во Влада, а за викенди чисти оџаци
Дајана Ѓуриќ (25) од Брчко работи во Влада и се занимава со прашањата на Ромите, а за викенд чисти оџаци.
Таа е референт за образование, работните денови ги поминува во Влада, а за викенди чисти оџаци и тоа е занает кој поради татко и го сака од детството.
„Пресреќа сум поради работата која ја добив по завршување на студиите и многу одбивање, бидејќи сум Ромка. Што се донесува до моите очекувања од работата, се надевам дека брзо ќе ја совладам и дека ќе бидам пример за младите. Во државно работам пет дена, а за викенди чистам оџаци. Не можам туку така да ги одбијам муштериите, ќе ми недостигаат нивните насмевки. Посебно децата ми се радуваат кога ќе ме видат во оџачарска облека“- вели таа.
Девојката раскажува дека работата не ја напушта заради татко и Јадранко, кој боледува од карцином, и со него заедно работеле. Тој вели дека ја советувал да учи за да не работи тешка работа, и смета дека трудот кога тогаш ќе се исплати.


