Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Столтенберг ги стартуваше средбите со државниот врв: Да се искористи моментумот на земјата

(ФОТО) Столтенберг ги стартуваше средбите со државниот врв: Да се искористи моментумот на земјата

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг ги почна средбите со државниот врв. На пладне, високиот претставник на НАТО ќе се обрати од Парламентот, а во тек е средба кај шефот на државата во вилата на Водно.

Претходно, Столтенберг имаше средба со министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Димитров на средбата нагласил дека посетата на Генералниот секретар на НАТО е од круцијално значење за Република Македонија и претставува силно охрабрување за нашите очекувања дека 2018 година ќе биде историска година за земјата како и за регионот. 

Изразил голема благодарност за континуираната поддршка за евро - атланската интеграција на Република Македонија и очекување за позитивен исход од претстојниот Самит на НАТО во јули оваа година.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пак ја потврдил политиката на отворени врати на НАТО, го изнесе својот позитивен впечаток од демократскиот развој во земјата, искажувајќи поддршка за реформските процеси на Владата на Република Македонија, а изразил и охрабрување да се искористи позитивниот моментум на земјата со цел реализација на нејзината евро-атлантска аспирација.

ФОТО: ФАКТОР

Слично

Поврзани вести