Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Споменикот на Мајка Тереза како вишна на тортата „Скопје 2014“?!

(ФОТО) Споменикот на Мајка Тереза како вишна на тортата „Скопје 2014“?!
Споменикот на Мајка Тереза е едно од последните зданија на мега проектот Скопје 2014. Ќе го гради Бетон на бизнисменот Минчо Јорданов, откако од градбата се откажа Субрата Рој, затоа што заврши во затвор во Индија. Споменикот на Мајка Тереза ќе биде 32 метарски, а ќе чини 5, 6 милиони евра. Како и за многу други згради на Скопје 2014 и за овој проект имаше различни мислења во јавноста. 20683819-69ba-4d23-b31c-8e9779bebfe2-spomenikot_na_majka_tereza Архитектите сметаат дека не е толку проблем во барокните фасади, туку напротив токму во објектите кои не можат да бидат подложни на промени. „Повеќе пати сум напоменала дека од целото лудило Скопје 2014, архитектонското обликување во “барок“ е најлесниот дел од работата и нешто што може да се препроектира, промени. Но, инфраструктурата на објектите, нивната урбанистичка поставеност, композиција, пропорција и функционалност, најодговорно тврдам се апсолутно нестручни и ќе имаат далекусежни последици по градот,а тие грешки се непоправливи“ вели Сања Раѓеновиќ Јовановиќ, претседател на ААМ. Целата анализа може да ја видите ТУКА
Слично

Поврзани вести