Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Спасовски заедно со граѓаните беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче

(ФОТО) Спасовски заедно со граѓаните беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски заедно со граѓаните денеска беше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица” во селото Матејче.

Почна реконструкцијата на верскиот објект.

„Низ разговорите со граѓаните се согласивме дека оваа реконструкција е од големо значење за нив, а придонесува кон почести посети, кон враќање на сјајот како на манастирот, така и на туризмот и можностите за рекреација на граѓаните во овој дел. Самиот манастир е изграден во македонски стил заедно со конаците кои беа уништени по конфликтот од 2001. Со средства од Владата и Министерството за култура го реконструираме манастирот како еден од најрепрезентативните споменици на византиската уметност на македонска почва и најважните некогашни книжевни центри, особено во XV век“, вели Спасовски. 

Во 2021 година на барање на НУ Национален конзерваторски центар беше одобрен проект за заштитни интервенции на архитектурата и ѕидното сликарство на црквата во Матејче во износ од 1.000.000 денари, а во текот на 2020 година на барање на оваа надлежна установа беа одобрени 300.000 денари за реализација на ургентни превентивни интервенции на црквата.


Слично

Поврзани вести